ЌЕСИТЕ СО ЛОГО СИ ГИ ПЛАЌАМЕ И ГИ РЕКЛАМИРАМЕ ФИРМИТЕ СО НАШИ ПАРИ: Рекламен материјал кој го плаќаат потрошувачите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека во некои земји ќесите со лого на компании се третираат како рекламен материјал и не смеат да се продаваат, кај нас тоа е дозволено, а таа реклама ја плаќа потрошувачот, иако и таму според законот пластичната амбалажа со лого се смета за реклама. Ова е на иницијатива на Европската Унија, со цел да целосно да се укинат најлонските ќеси кои се огромен загадувач на природата.

Здруженијата на потрошувачи во Србија, сметаат дека тие ќеси не треба да се продаваат, бидејќи се рекламен материјал, додека па пазарниот инспекторат не мисли дека со нивна продажба се загрозуваат правата на потрошувачите ниту пак е прекршен законот за рекламирање, бидејќи и ќесата во која потрошувачот ги пакува производите е производ.

Инспекторатот во Србија, исто така вели дека продажбата на ќеси има за цел да ги натера потрошувачите да носат сопствени торби за повеќекратна употреба. Трговците ќе мораат да најдат друг начин да ја зголемат продажбата на производите односно друг начин да се рекламираат.

Сепак истражувањата покажуваат дека продажбата на ќесите не доведува до нивна поретка употреба и користење на ќеси за повеќекратна употреба, туку само до зголемување на нивната цена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This