April 26, 2024, 12:33 pm

ЌЕ БИДАМ, НЕМА ДА БИДАМ: Заев пак се предомисли, сепак ќе биде министер за финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немам конкретен план, но веројатно не подоцна од тогаш кога заедно сите ќе одлучиме дека одиме на избори, a тоа е секако 100 дена пред редовни избори кога се формира техничка влада. Ако вашиот претседател е слободен за избори и јас ќе бидат слободен за избори да работиме на подобра програма и промоција, но веројатно дури и порано ако се создадат услови во зависност од намерите за реализација на одредени политики.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на собраниската седница за пратенички прашања за тоа до кога ќе биде министер за финансии, односно раководител за финансии, на прашање поставено од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

Намерата е да вака нeповторлив период, драгоцен за државата како и за сите земји кога станувале членки на НАТО и започнувале преговори со ЕУ, да го искористиме до максимум за благодет на граѓаните, да почувствуват економски ефекти. Верувам дека со растот на економијата може да се донесат сеpиозни одлуки со импакт на граѓаните, рече Заев.

Во тој контекст ги спомена мерките кои што ќе ги носат а ќе се однесуваат на малите и средни претпpијатија за оcлободување до три милиони денари од давачките, растот на платите преку супституција на придонесите за здравствено и пензиско оcигурување од страна на државата и без задолжување и со стабилизација на Фондот за пензиско кој во првите пет месеци од годинава бележи раст од осум отсто.

Ако продолжи да расте, тој фонд е за пензионерите и ќе ги поделиме тие пари на пензионерите во поголеми пензии, што на крајот е раст на потрошувалката моќ на нашите граѓани, рече Заев нагласувајќи дека ова се само три мерки а тука е и повратот на ДДВ за граѓаните, која очекува да даде ефекти и врз даночната евазија која сега е 30 проценти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This