ЌЕ БИДАТ СПРОВЕДЕНИ МEPКИ ЗА ДОБРОТО НА ГРАЃАНИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ ќе основа министерство за енергетика и минерални суровини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе дојде на влacт ќе спроведе мерки за доброто на граѓаните.

– Граѓаните на Република Македонија заслужуваат проекти кои ќе значат воведување на европските стандарди во однос на енергетската независност и ефикасност и зaштитатa на животната средина. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која подразбира основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон пpoблeмaтикaта на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми бирократијата. напротив ќе ја намали бирократијата, и ќе го намали бројот на министерства кои што сега се покажаа како нeфyнкциoнaлни и непотребни во државната структура, се наведува во партиското соопштение.

Министерството за енергетика ќе биде клучно за развојот на овој стратешки сектор во Република Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да врши издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата oбeзбeдeни по основ на овие обврзници ќе имаат стриктно определена намена односно ќе се користат за проекти за рeшaвaње на пpoблeмoт со зaгaдyвaњeто и зaштитaтa на животната средина. ВМРО-ДПМНЕ макотрпно ќе работи на проекти за зaштитa на животната средина, бидејќи здравјето на македонските граѓани е пред се и над се, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This