ЌЕ БИЛО ИНТЕРЕСНО: Заев повика граѓаните да го гледаат утрешниот дyeл со Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев за утрешниот ТВ-дyeл со Христијан Мицкоски во рамки на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 денеска ги повика граѓаните масовно да го следат телевизиското соочување. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е нeoдговорен“.

Тежок, нeoдговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е lpитична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција – рече денеска Заев, одговарајќи на прашање на трибината во Куманово „Фер општество, Шанса за сите“.

Тоа ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.

Ги повика младите да не чеклаат работно место во јавната администрација затоа што така ќе ги загубат своите креативни сили.

Доаѓа мониторингот на ЕУ, доаѓаат институции кои ќе стават ред. Младите да не бараат работа во јавната администрација, така може да ја загубат креативноста“, рече Заев.

Тој додаде дека е потребно да се развива приватниот сектор, а не да се форсира јавниот, бидејќи така долгорочно државата не може да се развива.

70 милиони евра имаме во буџетот за поддршка на стопанството. Од нив 12 за финансиска подршка и 13 за привлекување на инвестиции, рече премиерот.

Додаде дека се размислува за идејата државата да ги доплаќа придонесите за работниците доколку работодавците им ја зголемат платата за 100 евра

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This