March 29, 2024, 12:26 am

ЌЕ ВЕ ИЗВАДИМЕ ОД СОБРАНИЕ: Граѓаните до политичарите, стоп за тиранската платформа (ВИДЕО/ФОТО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народот е тој кој ве ставил, народот е тој кој ќе ве извади надвор од Собранието. Црното сценарио за избор на претседател на Собранието кој не се откажал од тиранската платформа, нема да ви помине. Од ништо не се плашиме. Ништо нема да нè спречи, ниту ветрот, ниту снегот, ниту огнот, рече Дарко Мијалковски од иницијативата „За заедничка Македонија“.

rakavici_-_20

Тој што сака да го лаже овој народ, не е свесен со што си игра. Од ништо не се плашиме. Ништо нема да нè спречи, ниту ветрот, ниту снегот, ниту огнот, рече Дарко Мијалковски од иницијативата „За заедничка Македонија“ на денешниот масовен протест против тиранската платформа што се одржа во Скопје.

Повеќе илјади граѓани дојдоа на протестот, кој денеска се одржа по 40 пат, при што на чело на поворката повторно беа багерите, на кои беа качени луѓе со развиорени знамиња. Беа упатени пораки до политичарите и до лидерот на СДСМ, Зоран Заев да не се осмели да ја прифати платформата стокмена во Тирана.

 

– Повторно нè има во огромен број. Нека слушне и нека разбере целиот свет. Никому немаме намера ништо да земеме, тука сме да си го вратиме назад своето. Уште еднаш да го изразиме нашето незадоволство, да им укажеме на политичарите. Народот е тој кој ве ставил, народот е тој кој ќе ве извади надвор од Собранието. Црното сценарио за избор на претседател на Собранието кој не се откажал од тиранската платформа, нема да ви помине – рече Мијалковски.

Тој додаде дека никој нема право да ги менува националните обележја на земјата.

– Никој нема право да ни ги менува, знамето, химната, името, никој нема право да ни го менува уставот и да ни ја распродава државата. Народот ја создавал со векови и има обврска да ја брани својата татковина. Тука сме 40 денови, а ако треба ќе станеме уште 1.140 денови на улица. Тоа им го должиме на нашите предци и на нашите родени и неродени деца. Господа политичари, откажете се од тиранската платформа. Таа има антидржавни барања и од тие причини мора безусловно да биде отфрлена – рече Мијалковски.

rakavici_-_18.jpg

Тој категорично истакна дека нема да се дозволи формирање бинационална држава.

Нема да дозволиме создавање бинационална држава, ниту влада скроена по теркот на Еди Рама. Тука сме и нема да дозволиме распарчување на нашата татковина и создавање голема Албанија – нагласи Мјалковски.

Еден од главните организатори на протестите, Богдан Илиевски, од иницијативата „За заедничка Македонија“ им порача на насобраните идната недела да дојдат во што поголем број зашто ќе биде клучна.

rakavici_-_06.jpg

– Овие четириесет дена покажавме дека ако сме сплотени, енергични, победите доаѓаат. Нема тиранска влада, нема ниту претседател на ова собрание кој не се откажал од тиранската платформа. Овие победи ќе продолжат ако продолжиме да излегуваме на улица. Наредната недела ќе е клучна. Повторно ќе се обидат, а наша должност е да ги спречиме – истакна Илиевски.

Тој нагласи дека тиранската платформа е документ кој треба да заврши во ѓубре.

– Денес по 40 пат кажуваме дека е доста од обидите да се воведе тиранската платформа, доста е од притисоците врз претседателот. Тој документ не смее да влезе во нашиот систем. Тој документ треба да заврши не во собранието, туку во ѓубре – рече Илиевски.

Протести во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ се одржаа во повеќе градови во земјава.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This