ЌЕ ВЛЕЗЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА ВО ДОЛЖНИЧКА КРИЗА: Владата на СДС ја задолжува државата со 65.000 евра на час!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само 70 дена, владата на СДС ја задолжи Р.Македонија со 110 милиони евра, односно 1.5 милиони евра дневно, или 65.000 евра секој час – напиша на својот ФБ профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски

 

Пред само една година, една од главните слогани на СДС и сегашниот министер за финансии Драган Тевдовски, беа дека Македонија премногу се задолжува, и кога тие ќе ја превземат власта ќе го запрат задолжувањето.

Само два месеци откако ја превзема власта, Македонија се задолжува со брзина на светлината, повеќе од било кога, а потпис на барањата за кредити и позајмици става токму Драган Тевдовски.


Македонија за 70 дена е задолжена со 110 милиони евра, 1.5 милиони евра на ден или 65.000 евра секој час.
Зошто владата на СДС се задолжува со ваква брзина е нејасно, имајќи во предвид дека со предложениот ребаланс на буџетот, СДС ги отстранува сите капитални инвестиции, инвестициите во здравството и образованието, но и реформите на администрацијата.

Една претпоставка е дека СДС се обидува да вдоми што повеќе партиски војници во државната администрација, за што се потребни големи парични средства за да се издржи дополнителниот товар кој ќе се создаде од ваквата намера на Заев.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This