Ќе ги иcчистимe кpиминaлoт и кopyпцијaтa од најниско до највисоко ниво и ќе ја вратиме правната држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За жал во овие 30 години во Македонија се уништи средната класа. Нема средна класа, или има сиромашни луѓе или има екстремно многу богати. Скоро и да нема средна класа за жал. Дури и оние кои што мислат дека се средна класа, кога реално ќе погледнете кои се некои пропорции за квалитет на живот, ќе видите дека не припаѓаат на таа средна класа за жал и тоа е ова 30 годишна девастација која што и се случува на Македонија, а исто така е скапана од корупција и тоа се двата основни причини зошто имаме сиромашни луѓе и мала клика на екстремно богати, вели Александар Николоски, носител на листа во изборната единица 4 во денешното гостување во Радио Пела.

Николоски потенцираше дека ќе се насочат на борбата против криминалот и корупцијата од најниско до највисоко, укажувајќи дека доколку не се смени ова ќе пропадне државата бидејќи ќе стане Македонија невозможно место за живеење, односно како што рече тој сите кои што се нормални ќе се спакуваат и ќе си заминат, и ќе стане држава на бандити.

За мене основен дел на кој ќе се насочиме и кој за мене е најзначаен е борбата со криминалот и корупцијата од најниско до највисоко. Ние мораме отворено да зборуваме за работите, во катастар не може човек да заврши работа ако нема пријател или народски кажано не го почасти, во општина исто, не дај боже во суд да има мака, ако е болен не дај боже ако нема доктор пријател тешко него, цариници со 400, 500, 600 евра плата возат автомобили од 100.00 евра и имаат куќи од 200.000 евра и тоа мора да се исчисти затоа што чесни има далеку повеќе од криминалци.

-Ако ние не го исчистиме криминалот од најниско до највисоко ниво ќе пропадне државата, значи натаму оди работата за да стане невозможно за живеење, сите кои што се нормални ќе се спакуваат и ќе си заминат, и ќе стане држава на бандити односно ќе пропадне функционалната држава. Затоа воведување на функционална правна држава е нашето основно ветување и тоа треба да ја враќа државата во нормала, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This