„Ќе ги притиснеме“: Американcкa дeлeгaциja ќe ce cpeтнe co пpeтcтaвници нa тaлибaнцитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американска делегација ќе разговара во Доха викендов со талибански претставници, за прв пат по повлекувањето од Авганистан, објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца високи претставници на администрацијата.

Американската делегација на високо ниво ќе вклучува претставници на Стејт департментот, УСАИД и американската разузнавачка заедница и ќе изврши притисок врз талибанците да им овозможат на американските државјани и другите безбеден излез од Авганистан и да го ослободат киднапираниот американски државјанин Марк Фрерикс, велат тие.

Вториот врвен приоритет ќе биде да ги потсетт талибанците за нивното ветување дека нема да дозволат Авганистан повторно да стане центар на Ал Каеда или други екстремисти, но и да ги принуди да го подобрат пристапот до хуманитарната помош, бидејќи сериозна хуманитарна криза се надвива над Авганистан.

Специјалниот претставник на САД, Залмај Калилзад, кој со години го водел американскиот дијалог со талибанците и бил клучна фигура во мировните преговори со групата, нема да биде дел од делегацијата.

Тимот на САД ќе го вклучува заменик специјалниот претставник на Стејт департментот Том Вест, како и високиот претставник на УСАИД за хуманитарна помош Сара Чарлс. На талибанската страна ќе присуствуваат владини претставници.

„Овој состанок е продолжение на прагматичните ангажмани со талибанците што ги имавме за прашања од витален национален интерес“, рече високиот претставник, сакајќи да остане анонимен.

“Овој состанок не е за признавање или давање легитимитет. Остануваме јасни дека секој легитимитет мора да се добие преку самите дејствија на талибанците”, рекол официјалниот претставник.

Дведецениската окупација на Авганистан од страна на Соединетите држави кулминираше со набрзина организиран авионски превоз во август, во кој повеќе од 124.000 цивили, вклучувајќи Американци, Авганистанци и други, беа евакуирани откако талибанците ја преземаа власта.

Иако талибанците ветија дека ќе бидат поинклузивни отколку што кога ја водеа земјата од 1996 до 2001 година, САД постојано повторуваат дека ќе и судат на новата талибанска влада врз основа на нејзините постапки, а не на зборовите.

„Сигурно ќе извршиме притисок врз талибанците да ги почитуваат правата на сите Авганистанци, вклучително и жените и девојчињата, и да формираат инклузивна влада со широка поддршка“, рекол американскиот претставник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This