April 24, 2024, 11:22 pm

ЌЕ ГИ РАНИМЕ: Само Македонија и Казакстан примаат терористи од ИСИС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународната колација предводена од САД која наводно се бореше против ИСИС сега има огромен проблем со воените затвореници кои беа дел од терористичката организација, бидејќи ниту една матична држава не ги прима назад своите државјани затвореници заробени при нивното терористичко делување во Сирија и Ирак. Исклучок повторно како и секогаш е Македонија, а другата држава која ги прифатила своите државјани назад е Казакстан.

Имено само пред неколку дена македонската полиција се пофали со огромна акција во која наводно паднале во раце на полицијата 7 борци на ИСИС, за потоа на крајот да излезе дека не станува збор за полициска акција на МВР туку за обичен транспорт на македонските државјани кој биле дел од ИСИС, а биле заробени од коалијацијата во Ирак и Сирија при борбени дејства.

Според портпаролот на Пентагон, Шон Робертсон САД имаат огромен проблем со репатриација на затворениците од ИСИС, а годинава само 12-тина затвореници биле вратени во нивните матични држави од кои повеќе од 5о проценти односно 7 се вратени во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This