March 29, 2024, 10:38 am

ЌЕ ГО КАЗНИ ЛИ СПАСОВСКИ ДЕЛЕГАТОТ НА СДСМ И ВРАБОТЕН ВО МВР: Или да си чека 12-ти декември па заедно со сите по список?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што и претходно известивме, од добро упатени извори во МВР, пред извесно време започнала подготовката на списокот на имиња на лица кои сопствената професија и униформа ја поистоветиле со лојалноста кон една политичка партија, од која потекнува актуелниот технички министер и генерален секретар на СДСМ Оливе Спасовски. Список кој според експертите ќе биде основа за изрекување на казнени решенија веднаш по завршувањето на изборите на 11-ти декември

kriminalicimvr

Имено спротивно на законот за внатрешни работи и законот за полиција, партиските послушници на СДСМ почнале со активно агитирање и спроведување на партиски активности, како и присуство на партиски собиранки органирани од СДСМ, што според експертите е доволна причина по 12-ти декември да им се каже збогум, а претпоставените да им се заблагодарат за сработеното и да им врачат отказни решенија.

На тој начин, според експертите ќе се отворат нови места за млади и перспективни кадри, кои својата професионалност ќе ја базираат врз успешноста на работните задачи, а не врз основа на партиската послушност.

Неколку примери за оние кои на 12-ти декември ќе добијат отказни решенија се Емилија Велкоска инаку вработена во општ криминал во П.С Прилеп, инаку сопруга на новиот командир на П.С. Прилеп Зоран Велкоски.

policajci_sds
Освен Велкоска, на партискиот настан на СДСМ спротивно на сите професионални и етички норми присуствувал и полицаецот Киро Китаноски, инаку полицаец во П.С. Кривогаштани, познат меѓу населението како радикален партиски активист на СДСМ кој во неколку наврати ја злоупотребувал позицијата полицаец за да заплашува граѓани.
policajci_sds2
На следната фотографија може да се забележи инспекторот при П.С. Прилеп Оливер Лукароски кој министерот Спасовски го унапреди во негов советник. Истиот во градот важи за жесток партиски поддржувач на СДСМ, а често може да се види и на партиските манифестации, но и како агитатор на партијата која надвор од пропишаните норми го унапредила неколку скалила.
lukarovski_prilep_mvr
Зоран Велковски, новоназначен командир за сообраќај во П.С. Прилеп, место на кое дојде по доаѓањето на техничкиот министер Спасовски. Истиот, како и претходните редовно е присутен на партиските манифестации.
velkovski_sdsm_mvr

Последен во низата бил и Стојан Коруноски од с.Сараќино, тетовско дежурен полицацец во ПО Групчин кој во неделата наместо да ја исполнува својата професионална обврска бил на конгресот на СДСМ, обележан како делегат на партијата.
stojan_korunoski_sarakino
Ако, Оливер Спасовски е доследен на своите изјави дека ќе ги казнува оние кои вршат притисок врз граѓаните пред избори, но и полицајците кои на било каков начин ќе се вмешаат во изборниот процес, тога нека тргне од делегатот на неговата партија.

Како и да е, од извори во МВР дознаваме дека сите овие лица кои наместо професионализам, прикажуваат партиски клиентелизам се познати и ќе бидат соодветно санкционирани по изборите на 11-ти декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This