ЌЕ ГО УБИЈАТ ЗАТОА ШТО ЈА КРИТИКУВАЛ КОСОВСКАТА ВЛАДА: Косовски новинар добива закани и навреди затоа што ја критикувал владата за Диво Насеље!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот новинар Парим Олури е жигосан како српски шпион, удбаш, четнички новинар од страна на Косовоските медиуми и поддржувачите на владата на Харадинај, бидејќи ја критикувал одлуката на владата да исплати отштета од 219.000 евра на семејствата на загинатите терористи во Диво Насеље – пренесува БИРН

Парим Олури, косовски новинар кој го води онлајн изданието „Инсајдери“ вели дека бил под силен напад на социјалните мрежи во изминиатите две недели, откако објавил текст во кој ја критикува Косовската влада поради одлуката за исплата на отштета на семејствата на загинатите терористи во Диво Насеље.

Во 2015, вооружена Албанска терористичка група го нападна Куманово, а во дводневната битка загинаа, официјално, 12 терористи.

Одлуката за исплаќање на парични средства за семејствата на загинатите и затворените терористи дојде откако Кривичниот суд ги осуди терористите на две доживотни казни затвор, а останатите 37 добија повеќе годишна затворска робија.

Олури бил под критика затоа што побарал од владата „да не прави херои од индивидуалци кои учествувале во нерасчистен конфликт во друга земја“, вели Олури за БИРН.

Тој се пожалил дека освен критики и закани на социјалните мрежи, трпи и притисок од владини претставници.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This