ЌЕ ДАДАТ ЛИ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Холандија вечерва одлучува за датумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за европски прашања на холандскиот парламент се смета за решавачка за насоката во која ќе тргнат финалните преговори меѓу земјите-членки на ЕУ за заклучокот што би го донеле на 15 октомври.

Во писмото што шефот на холандската дипломатија Блок деновиве го прати до пратениците во холандскиот парламент се вели :

Холандската влада ја дели оценката на Европската комисија дека владата на Македонија презеде многу позитивни чекори во изминатата година. Договорот од Преспа е пример за регионот и преземени се видливи чекори во реформската агенда. Продолжувањето на случаите на СЈО е обезбедено со нивниот трансфер во Јавното обвинителство. Значаен чекор што треба да се преземе е усвојување на закон што ќе гарантира независно гонење на можна идна корупција на највисоко ниво. За ова прашање има постојана интензивна консултација меѓу опозицијата и владата. Ова засега не донесе конкретен епилог“, пишува во писмото од министерот Блок до холандскиот парламент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This