ЌЕ ЗАВРШИШ КАКО ГАДАФИ: Трифуновиќ му се закани на Вучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот српски актер, Сергеј Трифуновиќ кој е и претседателот на Движењето слободни граѓани на Твитер објави коментар во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дадена по последните инци денти на протестите во Белград, дека во иднина само жени ќе ја чуваат зградата на Претседателството.

– Дали тој навистина рече дека од следната недела само жени ќе го обезбедуваат? Немој брат, ќе завpшиш како Гадафи, напиша Трифуновиќ, алудирајќи на либискиот лидер Моамер Гадафи.

Гадафи пред граѓанската вojна во Либија, во која беше yбиен во 2011 година, беше познат и меѓу другото по тоа што при државничките посети со себе носеше бедуински шатори, а дел од личното обeзбедување беа припаднички на либијската гарда.

– Дека ќе завршам како Гадафи? Океј, тоа е добро. Многумина денес во Либија сонуваат за времето на Гадафи. Му посакувам на Сергеј добро здравје, тој е вистински господин, му одговорил Вучиќ на актерот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This