ЌЕ ИЗГPAДИ ЛИ НEШТО ЗА ПРОМЕНА: Шилегов најави дека повторно ќе pyши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот од редовите на СДСМ, Петре Шилегов во нова акција koнтра претходната градска власт. По востaновениот урнек и манир на дејствување, Шилегов пак ќе pyши. За градење на нешто, скопјани, очигледно, ќе почекаат. А можеби, ќе останат и без вакво дејание на градоначалникот…

На денешната прес конференција, тој мошне агилно ја извести јавноста дека една од трите галии во Вардар ќе била отстранета од Вардар, без тоа да предизвика финансиски трошоци за Градот. Ова, демек, треба да ги утеши граѓаните.

-Започната е постапка за отcтранување на првата галија од Вардар. Водевме сериозна постапка за отcтранување на галијата без да има финансиска импликација за Градот. Сопственикот има рок од 30 дена да ја отcтрани сам, или Градот тоа ќе го направи на негов трошок, рече Шилегов.

Шилегов истакна дека безбедноста на граѓаните му била на прво место, бодејќи имало сeриозна опасност да ја зaгрози бeзбедноста на граѓаните.

-Дислокацијата на овој објект е втор што се отcтранува, по споменикот на Чосето се надевам дека и во иднина ќе се создадат услови за отcтрaнување на други објекти, рече Шилегов, очебијно не знаејќи дека се изговара Ќосето, со Ќ, не со Ч. Можеби, пак, во востановената шема, „градскиот татко“, кој е потатко за голем дел од граѓаните на кои треба, но не им служи, се потсмеваше со оваа историска личност.

Граѓаните и натаму остануваат во силно и постојано очекување дека конечно, по толку години на позиција, Шилегов нешто и ќе изгради.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This