April 25, 2024, 11:12 am

Ќе има двојазичноста и во приватните фирми, истата е предвидена во Владината програма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за економија Крешник Бектеши му порача на владиниот партнер и лидер на Беса, Билал Касами да ја прочита владината програма пред да дава изјави. Касами во интервју изјави дека приватните компании тереба да воведат двојазичност бидејќи дел дипломирани Албанци не говорат македонски јазик.

– Нашите сектори ќе работат на креирање на мерки за субвенционирање на приватните фирми при вработување на различни етникуми. Ве повикувам да ја видите владината програма и ние како функционери сме задолжени да ја почитваме и реализираме програмата. Се разгледуваат неколку опции како од идната година субвенционирање да се реализира. Политичарите да ги читаат владините програми пред да коментираат, еве тоа е содржано во владината програма на страница 39 параграф 3. Нека ја прочитаат оти гласале за владината програма – изјави Бектеши на новинарско прашање дали со премиерот Заев или вицепремиерот Битиќи разговарале за тоа и кој е ставот.

-Ќе поддржиме јазична политика во согласност со потребите и интересите на граѓаните, различните етнички заедници и целата држава. Во таа насока, Владата ќе предложи законски решенија за употреба на јазиците, со кои ќе се прошири
употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните т.е албанскиот, во рамки утврдени со Амандманот V на Уставот на Република Македонија. Законот ќе ја прошири употребата, јасно ќе ги дефинира обврските на институциите и ќе ги зголеми можностите на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик и со тоа полесно и поефикасно да ги остварат своите уставни права. Воедно, законот целосно ќе ја гарантира и соодветната употреба на македонскиот јазик, но и на другите јазици кои се во службена употреба во одредени единици на локална самоуправа (албански, турски, ромски, српски, влашки и бошњачки). За таа цел, Владата ќе формира државен
јазичен центар и соодветен инспекторат, пишува во Владината програма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This