ЌЕ ИМА ИЗМЕНИ ВО НАЧИНОТ НА ГЛАСАЊЕ: Груби најавува можност за гласање неколку дена?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досегашниот пратеник на ДУИ, Артан Груби, најави можна промена на Изборниот законик со која би се овозможило на претстојните парламентарни избори да се гласа неколку дена.

„Еден ден би гласале пензионерите, друг ден тие што се во изолација, а останатите во третиот ден е едно од можните решенија, донесени со уредба“, изјави за ТВ 24 претседателот на Комисијата за европски прашања во досегашниот состав на Собранието.

Груби најави и дека неговата партија сигурно ќе учествува на изборите, очекувајќи дека тоа ќе го сторат и другите, вклучувајќи ја и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, „затоа што не можат да си дозволат луксуз да не одат на избори“.

Според него, не доликува на кандидатка за членство во Европската унија да има техничка влада на подолг рок од предвидениот со нејзината намена за организирање избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This