ЌЕ ИМА ИЗНЕНАДУВАЊА: Започна состанок помеѓу САД и Северна Кореја, Белата куќа најави изненадување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белата куќа соопшти дека разговорите со Северна Кореја “се движат побрзо од очекуваното”, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп планира да го напушти Сингапур утре вечер.

“Последните разговори меѓу САД и Северна Кореја се движат побрзо отколку што се очекуваше”, се вели во соопштението на Белата куќа.

Агенцијата додава дека постои можност средбата да биде продолжена неколку дена, во зависност од нивниот тек.

Белата куќа објави дека Трамп и водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун ќе се обратат на медиумите по самитот, напуштајќи го Сингапур околу 20 часот по локално време, објави АП.

Трамп претходно планирал да го напушти Сингапур во средата изутрина.

Ким и Трамп ќе го започнат состанокот утре во 9 часот, како што беше претходно најавено, по што ќе се одржи проширена билатерална средба, по што следи работен ручек, пренесува агенцијата Јонхап.

На проширениот состанок ќе присуствуваат американскиот државен секретар Мајк Помпео, шефот на кабинетот Џон Кели и советникот за национална безбедност, Џон Болтон.

На работниот ручек ќе присуствува прес секретарот на Белата куќа Сара Сандерс, американскиот амбасадор во Филипини Сунг Ким кои работеа на преговори пред почетокот на самитот, како и директорот на Советот за безбедност за Азија на Белата куќа Мет Потингер.

Состанокот на Ким и Трамп ќе се одржи во хотелот Капола на островот Сентоса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This