ЌЕ ИМА ЛИ ДОГОВОР ВИКЕНДОВ: Продолжуваат преговорите за Законот за oбвинитeлcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преговарачките тимови на власта и ВМРО ДПМНЕ викендов повторно ќе седнат на маса за да ги разгледаат последните предлози на двете страни за Законот за јавно обвинителство.

И во редовите на СДСМ и во опозициската партија сметаат дека потребен е брз договор и затворање на последното прашање кои има влијание и врз одлуката за тоа дали земјава ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Но, и двете страни се уште со спротивставени ставови околу клучните прашања од законското решение.

На преговарачката маса главна тема се очекува да биде последниот предлог на ВМРО ДПМНЕ, којшто министерката за правда Рената Дескоска како основа за решение.

Со предлогот се превидува да се задржи сегашната организација на јавното обвинителството, шефот на обвинителството за организиран криминал да се назначува на предлог на опозицијата. ВМРО ДПМНЕ предлага и нова методологија за избор на првиот човек на организиран криминал со којашто тие сметаат ќе се обезбеди независност во работењето.

Се предлага и за таа позиција покрај обвинители да може да конкурираат и професори по право.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This