ЌЕ ИМА ЛИ КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ ПРОТИВ ЗОРАН ЗАЕВ: Незаконски се стекнал со доверливи информации за истражни постапки, ЈО не реагира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство не открива кои се функционерите кои се под истрага, ниту за што, а за кои премиерот Зоран Заев изјави дека се води истрага поради корупција.

-Согласно одредбите од член 289 од Законот за кривична постапка, сите дејствија што се преземаат во предистражната постапка од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија ​се сметаат за тајна и не можат да бидат споделени со јавноста, стои во одговорот од службата за односи со јавност на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Тајноста на информациите очигледно не важи за премиерот Заев кој јавно соопшти за истрагата. Засега останува нејасно кој спротивно на законот му ги соопштил овие информации, кои треба да се тајни. Од Обвинителството за Курир велат дека со изјавата на Заев не е сторена повреда на членот од законот. Во врска со тоа како и со прашањето дали ЈО ќе го повика Заев со цел да дојде до одговор кој ја нарушува тајноста на истрагата, од Обвинителството одговорија:

-Јавното обвинителство цени дека во дадената изјава на Претседателот на Владата на Република Македонија , г-дин Зоран Заев не е сторена повреда на член 289 од Законот за кривична постапка. Имено, во изјавата не е дадена информација за конкретни лица, конкретни кривични дела, кривично правни настани за било кое лице или конкретни дејствија кои се евентуално преземени. Повреда на законските одредби во насока на нарушување на тајноста на предистражната постапка се врши со оддавање информација за конкретно лице или конкретен кривично правен настан, кои можат да бидат идентификувани од други лица, како и податоци за конкретни дејствија кои ги преземаат надлежни органи во рамки на истражна постапка, стои во одговорот на Јавното обвинителство.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This