ЌЕ ИМА ЛИ ЛОКАЛЕН КАРАНТИН: Засега нема полициски час, ни карантин за Чаир, Сарај, Штип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на кластерите, околу 70 проценти од сите новите случаи се од веќе познати кластери пред се од општините Чаир и Сарај, каде интензивно се работело изминатите денови, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска веќе во Сарај има само двајца новодијагностицирани, останува интензивна работа во населбата Чаир, рече Филипче, и додаде дека се работи и во Студеничани.

Комисијата за заразни болести ја анализирала состојбата во изминатите две недели по што било заклучено дека и покрај високите бројки на новозаразени, како што рече Филипче, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, а тоа значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика и можат да се лекуваат во домашни услови или еден добар дел се асимтопатски носители.

Министерот додаде дека засега нема одлука на Комисијата за заразни болести за препорака за воведување полициски час или карантин на општините со повеќе заразени лица како Чаир, Сарај, делови од Штип…

Филипче додаде дека ситуацијата ќе се следи во следните 2-3 дена, по што можеби ќе се размисли за вакви мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This