ЌЕ ИМА ЛИ РАЗМЕНА НА ТЕРИТОРИИ ПОМЕЃУ КОСОВО И СРБИЈА: Косовска Митровица се припојува кон Србија, Прешево кон Косово?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според извори на косовскиот весник Зери, група од седум српски експерти подготвила извештај, според кој Косово би ја добила општината Прешево во замена за четирите општини на северот од Косово, кои би требало да бидат дел од Србија.

,,Србија и Косово може да постигнат договор за размена на територии, со можност Прешево, да стане дел од Косово, без Бујановац и Медвеѓа, а општините на северот (Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Северна Митровица) да се припојат кон Србија. Овие општини се де факто интегрирани во економскиот систем на Република Србија и ова сценарио може да се изврши без одредени општествени и етнички турбуленции.”- наведува весникот.

Неодамна, за опасноста од евентуално прекројување на границите на Балканот, предупреди и поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт. Во колумна за Вашингтон пост, новите поделби во регионот ги нарекува рецепт за гео-политичка нестабилност. Можната поделба на Косово, смета дека би ја отворила дебатата за Босна, но и за како што го нарекува, потешкото и по опасно прашање на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This