Ќе има нови мутации на коpoнавирусот, тврдат британски експерти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Оксфордската група за вакцина, Ендру Полард предупреди дека оваа година ќе има многу повеќе мутации на коронавирусот и светот ќе мора да се навикне на тоа, но и нагласи дека постоечките вакцини би можеле брзо да се прилагодат на новите мутации на коронавирусот.

„Додека се радуваме поради вакцината, во текот на 2021-ва година ќе се сретнеме со многу нови мутации на коронавирусот и ќе мора да се навикнеме на тоа, изјави Полард за британски „Би-би-си“.

Полард нагласи дека новите мутации на коронавирусот ќе се откриваат во рана фаза и дека доколку биде потребно, вакцините ќе бидат „прилагодени за кратко време“.

Тој се согласува со мислењето на епидемиологот Џон Едмундс кој неодамна изјави дека во Велика Британија веќе постојат и двете бразилски мутации на коронавирусот.

Ние сме една од најповрзаните земји во светот, па би ми било необично доколку некои такви случаи не сме ги увезле во Велика Британија, изјави Полард.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This