Ќе кулминира тополотниот бран во Европа, најави рекордни 47 степени Целзиусови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во обид да спречи нови жртви, по смртта на 114 луѓе во двата големи шумски пожари минатата година, припадниците на португалската цивилна заштита испратија СМС пораки со предупредување до населението на одреден регион дека се во голема опасност од пожар.

Во крајбрежниот туристички регион на земјата, Каскаис, во близина на Лисабон, синоќа дојде до прекин на снабдувањето со елетрична енергија поради натпросечна употреба на клима-уредите. Без струја останаа десетици илјади домаќинства неколку часа.

Топлиот ветар од Северна Африка го донесе на Пиринејскиот Полуостров најсилниот топлотен бран од 2003 година, што предизвика голем број шумски пожари.

Температурите денеска и утре во Шпанија и Португалија ќе изнесуваат најмалку 40 Целзиусови степени, а метеоролозите за денеска најавија рекордни 47 степени во централниот дел на Португалија.

И во северниот дел на континентот е многу жешко. Метеоролошката служба на Норвешка соопшти дека повеќе од 50 години немале можност да видат вакви временски прилики.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This