April 24, 2024, 11:53 pm

ЌЕ МУ ПОДНЕСЕМЕ ИМПИЧМЕНТ НА ШУП*КОТ: Новоизбраната конгресменка со навреди до Доналд Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новоизбрана конгресменка на САД ѝ се претстави на нацијата велејќи дека демократите ќе му поднесат импичмент на „шупакот Доналд Трамп“.

Рашида Тлеиб во четвртокот попладне говореше на настан во Мичиген кога го кажа ова за претседателот.

Споменувајќи разговор со својот син, таа рече: „Кога вашиот син ќе ве погледне и ќе ви каже: ‘Мамо, гледај, ти победи, насилниците не победуваат’, јас реков, ‘Не победуваат, душо’, затоа што ние ќе влеземе и ќе го отповикаме шупакот…“

Тлеиб беше избрана за претставник на Мичиген од 13-тиот конгресен округ.

Нејзиниот коментар беше снимен на видео и е масовно споделуван на социјалните медиуми.

Ова не е првпат Тлеиб да повика на импичмент на Трамп, меѓу другото и со напис напишан во весник од Детроит, исто така во четвртокот.

„Претседателот Доналд Трамп е директна и сериозна закана за нашата земја“, напиша таа.

„На речиси секојдневна база тој го напаѓа нашиот Устав, нашата демократија, владеењето на правото и луѓето што се во оваа земја. Секој изминат ден им носи поголема болка на луѓето што се директно повредени од овој претседател, а тоа се денови што едноставно не можеме да си ги вратиме. Сега е време за постапка за отповикување“, заклучува таа во колумната.

Тлеиб се смета за еден од групата прогресивни нови пратеници избрани во Конгресот. Заедно со Ихан Омар таа е една од првите две американски муслиманки во Конгресот во историјата.

Конгресот беше повторно отворен во четвртокот, додека владата во САД сè уште е блокирана.

Ова е прв пат во американската историја блокадата на владата да се одолжи од крајот на еден конгресен состав до почетокот на наредниот.

Демократката Ненси Пелоси беше избрана за претседател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This