ЌЕ НЕ ВАДЕЛЕ ЗА УШИ ОД ДОМА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: ОЈО замижува пред говорот на омраза на Твитер упатен кон Македонците кои се против промена на името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Говор на омраза очигледно Основното Јавно Обвинителство го гони само кога станува збор за етнички Македонци кои ја сакаат Македонија, но кога станува збор за малцинствата и лица од или блиски до СДСМ не.

Имено на социјалните мрежи се почесто се говори за насилни дејствија на денот на референдумот, кога граѓаните ,,за уши’’ ќе бидат носени да гласаат за промена на сопственото име. Истакнатиот поддржувач на шарената револуција и СДСМ на Твитер запишан под псевдонимот ,,МаксимумОвертрол’’ им се закани на гласачите кои нема да излезат да гласаат на референдумот за промена на името Македонија. Тој напиша:

– Јас како шиптар ви ветувам дека ќе влегуваме по дома и за уши ќе ги вадиме #бојкотирам на референдум.

Не реагирањето на ОЈО на ваквите закани кои го загрозуваат правото на глас, отвора сомнеж дека впрочем ова е директна наредба од владини структури кои обвинителството нема намера да ги гони.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This