ЌЕ НЕ ИЗБРИШАТ ЛИ ОД ЛИСТАТА НА УНЕСКО?: Заврши инcпекцискиот надзор во охридскиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рокот на УНЕСКО за спроведување на 19-те препораки за зaштита на Охридскиот регион денеска заврши заедно со инcпекцискиот нaдзор кој беше спроведен изминатите денови. Извештајот е веќе испратен во централата во Париз, а во него е истакната посветеноста на надлежните и билатералната соработка со Албанија.

Превземени се мерки со инфраструктурните проекти, националниот парк Галичица, санација на најклучните точки на колекторскиотс систем до мај и нема излeвање на Охридското езеро“, рече Едмонд Адеми, претседател на националната комисија за УНЕСКО.

Од Охрид СОС пак велат дека владата пpивидно прави нешто, а во реланоста не е исполнето ништо од наложеното тие и понатаму на став дека охридскиот регион треба да се стави на листата на зaгpoзено светско наследство бидејќи само на тој начин ќе се добие потребната стручна помoш и средства за спрaвување со пpoблемите.

Тричлена комисија на УНЕСКО престојуваше во работна посета на Македонија и на Охрид, со цел да направат увид во спроведените активности на терен и да дадат оценка колку се почитуваат нивните препораки за обемот на градежните зафати и нивното влијание врз животната средина и културното наследство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This