April 27, 2024, 12:41 am

ЌЕ ОДАТ ЛИ ДЕЦАТА НА УЧИЛИШТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК: Претседателот на СОНК изјави дека родителите ќе бидат известени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) одлучи да има прeдупредувачки штрaјк на вработени во образовната дејност, родителите по сè изгледа ќе треба да прашаат во училиштето дали детето да појде на настава на 2 септември на настава.

Голем број од наставниот кадар, според информациите од СОНК, се членови на синдикатот. Меѓутоа, искуството од минатите години покажува дека кога се штрaјкува, некои работат, а други не.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, вели дека ќе почекаат да видат што ќе се случи во текот на утрешниот ден и в недела официјално ќе кажат дали в понеделник ќе има прeдупредувачки штрaјк. На прашањето како родителите да знаат дали детето ќе оди во училиште, повтори дека официјалната информација за прeдупредувачкиот штрaјк ќе ја дадат в недела.

Наставниците се нeзадоволни од најавеното зголемување на платите од 5 отсто. Неделковски изјави дека синдикатот ѝ дава рок на Владата до 1 септември за преговори и за реално зголемување на платите на сите вработени во образовната дејност.

-Не сме задоволни од зголемувањето на платите од 5 проценти. Реално би било зголемувањето да е 20 проценти, рече Неделковски.

Тој објаснува дека доколку не се договорат со Владата, на 2 септември ќе има предупредувачки штрaјк. Потоа, септември ќе го определат за преговори со Владата.

-Доколку ништо не се договориме и во септември, имаме опција за генерален штрaјк. Ние сме репрезентативен синдикат со околу 30.000 члена. Ги повикувам сите други синдикати да ни се приклучат, вели Неделковски.

Министерот за образование Арбер Адеми апелираше наставниците да се подготват за настава бидејќи учениците на 2 септември ќе одат на училиште. Тој објасни дека во споредба со лани, платите на наставниците се покачени за 10 отсто, а покачувањето на платите најавено од Министерството за образование и наука засега изнесува 5 отсто, што според наставниците е многу ниско и тие бараат покачување од 25 отсто.

Извор: Факултети

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This