April 25, 2024, 11:05 am

ЌЕ ОДГОВАРААТ ПРЕД ЗАКОНОТ: Јанушев порача дека заврши времето кога министрите одговараа само пред Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека целта на сите кои што се во владата и сите кои што се дел од државната јавна администрација, без разлика на која функција и позиција се наоѓаат, треба дословно да ги спроведуваат законите.

Дали тоа ќе биде само во сегментот во спроведување на фер и демократски избори или ќе биде буквално во секој сегмент согласно овластувањата, правата и должностите кои што ги имаат избраните функционери тоа секако треба народот да го цени. Меѓутоа она што е битно е дека овие пет луѓе кои што влегоа во техничката влада на предлог на опозицијата односно на ВМРО-ДПМНЕ треба дословно да се држат до она што, нели, им е дадено како работни задачи согласно Устав и закон да го спроведат во нивниот мандат од речиси 100 дена, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека министри пред се одговараат пред законите, меѓутоа нивен формален претпоставен е секако претседателот на Владата.

Тој што посочи дека се е поочигледна победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори.

Се оди во таа насока, не затоа што ние тоа го посакуваме, туку затоа што имаме работа со една најнеспособна влада во историјата на Република Македонија. Кои што буквално не можат да кажат една единствена работа што ја започнале и завршиле во овие три години, нагласи Јанушев.

Јанушев појасни дека прашањето на администрацијата е сегмент кој што на речиси сите влади во историјата им бил камен на сопнување.

Бидејќи сите ние знаеме да кажеме дека јавната администрација е преобемна, дека е прегломазна, дека не си ги извршува своите обврски, својата работа онака како што треба. Меѓутоа неминовно после тоа дека не се случуваат, да кажам, големи измени во поглед на тоа. Јас само би кажал овде да почекаме да кога ќе дојде за брзо време да ги објавиме нашите програми на делување. Она што можам исто така да го кажам дека и без да се отпушта, без да се прават непопуларни мерки односно да се остават луѓето на некој начин на улица, има начин како да се стави ред, истакна Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This