March 28, 2024, 11:47 pm

ЌЕ ОДГОВОРИМЕ СО ВОЕН ОДГОВОР: Шефот на комитетот за одбрана во руската Дума за ситуацијата во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на комитетот за одбрана во руската Дума и бивш командир во Руските воздушни сили изјави дека Москва ќе ги превземе сите мерки, вклучувајќи и воени, како одговор на можен воен удар на САД врз Сирија

„Двојните стандарди ги преминаа сите можни граници. Од оваа точка, владеачката партија во Русија мора да реагира и да завземе силен став дека ќе превземеме мерки, политички и дипломатски, но исто така и воени ако има таква потреба“, вели Владимир Шаманов пред пленарната седница во државната Дума. „Ниту една нелегална акција не смее да остане без одговор“.

Рускиот генерал нотирал дека Американците „не треба да ги потпираат своите надежи на нивната морнаричка група“.

Реакцијата на Шаманов доаѓа по изјавата на Доналд Трамп дека наскоро ќе донесе „голема одлука“ во врска со Сирија во наредните 24 до 48 часа. „Ако се Русите, ако е Сирија, ако е Иран, или сите заедно, ќе донесеме одлука“ изјави Трамп. „Имаме многу воени опции, ќе дознаете за нашата одлука наскоро“ – рече Трамп.

Руската и Сириската влада ги отфрлија сите обвиненија за вмешаност во наводниот хемиски напад во бунтовничкиот град во Сирија, Дума.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This