April 20, 2024, 10:51 am

ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ ВЛАДАТA УШТЕ ЕДЕН ПРЕДЛОГ?: Полицискиот час се укинува, но дали ќе има нова вонредна состојба?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицискиот час и мерките се ykинуваат, но дали и вонредната состојба. Ова остана отворено по денешното обраќање на техничкиот премиер Оливер Спасовски. Тој не кажа дали владата ќе бара од претседателот Пендаровски нова вонредна состојба.

Датумот на одржување на предвремените парламенатрни избори е детерминиран од завршувањето на вонредната состојба во земјава, како што е предвидено со Уредбата за изборните дејствија, повтори техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„На граѓаните им треба функционално Собрание. Датумот на одржување на изборите е одреден со Уредбата со законска сила. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори во Северна Македонија. Тоа е фактичка ситуација. Затоа изборите треба да се реализираат во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној рок кога ќе има најмногу услови. Една од одговорностите на оваа Влада е што побрзо да им ја обезбедиме новата нормалност на граѓаните. Сите кои се спротиставуваат на новата нормалност придонесуваат земјата да ни остане во здравствено-економска криза, а тоа не е одговорно однесување“, рече Спасовски.

Сепак, премиерот не го спомна 21 јуни како датум за одржување на изборите, односно како дваесет и втор ден – доколку во сабота нема нова одлука за продолжување на вонредната состојба. Исто така, Спасовски, и на прес-конференцијата, како и во изјавата во текот на денот, не исклучи можност Владата да поднесе уште еден предлог до претседателот Стево Пендаровски, со цел продолжување на вонредната состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This