April 24, 2024, 11:20 pm

ЌЕ ПРОТЕСТИРАМЕ ИЛИ ЌЕ НЕ ИЗБРИШАТ: Единствено решение за спас од промена на името се масовни протести без политичка позадина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека грчката дијаспора масовно се организира за протести во Солун против употреба на името Македонија во името на нашата земја, поддржани со силна медиумска пропаганда, во Македонија, се чини дека никој абер нема да отпочне со активности кои масовно ќе ја пренесат пораката на мнозинството граѓани на нашата држава до политичарите од власта, кои веќе шест месеци интензивно, во голема тајност договараат ново име за државата

 

Наместо обработување на темата во врска со тајните преговори за името во кои е вклучена владата на СДС, стручната и медиумска јавност, намерно или не, со споредни теми го дефокусира јавниот дискурс на теми кои се помалку важни за опстанокот на државата, нејзиното име, идентитет и култура.

За разлика од Македонија, во Грција целокупната јавност е силно фокусирана на преговорите во врска со промената на нашето уставно име. Локалните политичари, експерти и новинари постојано го поставуваат ова прашање на дневен ред, повикувајќи ги нивните раководни структури да не попуштат и да не дозволат името Маекдонија да влезе во новото „решение“, како што велат, со Скопје. Ова, дополнително го актуелизираат грчките националисти поддржани од грчката дијаспора, која безрезервно и материјално ги поддржува ваквите структури во земјата.

Ќар имаат и грчките политичари, особено оние во опозиција кои моментот го користат за политичка себепромоција и дневнополитичко собирање на поени од граѓаните на земјата.

Во Македонија, за жал е различно.

Иако најзасегнати од промената на името, Македонските граѓани се чини воопшто не се загрижени од настаните за кои дознаваат, повторно, од грчките медиуми поради тајноста во која владата на Заев ги чува информациите од текот на преговорите. Медиумите блиски до власта постојано се обидуваат, како што милуваат да кажат, го „месат“ јавното мислење со неважни и спроедни теми, дефокусирајќи ја јавноста од она што навистина е важно – промена на нивниот идентитет и името на земјата во која што живееме.

Опозицијата е релативно немоќна институционално да делува, имајќи во предвид дека Заев и СДС вешто ги кријат информациите од преговорите, не дозволувајќи никаков пристап кој би значел увид во плановите на Заев и Ципрас, обидувајќи се на тој начин да спречат било каква реакција која опозицијата би можела да ја превземе.

На крајот останува самиот народ. Граѓаните кои благодарение на силната медиумска дразба, во последниот период се втурнати во апатијата која полека но сигурно, со парите на разни странски организации, почнува да го губи компасот за тоа што навистина е важно за нив и нивните поколенија.

Каква реакција би била соодветна?

Имајќи во предвид дека владеачкото мнозинство нема намера да се консултира со народот во врска со преговорите и промената на името, во меѓувреме подготвувајќи терен за протуркување на „решението“ во Собраниска процедура без притоа на референдум да се консултира мислењето на народот, единствено соодветно решение со кое на актуелната власт би и се дало до знаење дека тоа што го прави е во спротивност со интересите на народот е самоорганизирање.

Тоа и не е така тешко, ниту пак нешто што претходно не се случило.

Имено, таков пример имаме од не така далечната 2008. година кога на плоштадот „Пела“ во организација на група на граѓани беше организиран можеби најмасовниот протест досега, со цел зачувување на уставното име на Р.Македонија. На тој протест, народот кажа „стоп“ за преговорите и плановите за промена на името.

Протестите и масовното искажување на народното незадоволство се можеби единственото решение кое во моментов ќе даде резултат, ќе ги запре преговорите за името. На овој начин, владеачките структури од СДС и ДУИ ќе бидат и под притисок во секој нареден чекор да ја консултираат опозицијата, но и да обезбедат поголема транспарентност во ваквите историски моменти за Македонскиот народ.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This