Ќе пуkHe од мaka: Роналдо утна зицер со кој можеше да уpHe светски рекорд (видео)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Му недостасува еден погодок за да биде фудбалер со најмногу официјални голови во историјата

Jувентус се помачи за да ги освои бодовите против Сасуоло и покрај тоа што гостите во целото второ полувреме играше со фудбалер помалку на теренот. Роналдо како лидер на екипата очекувано се трудеше до максимум да придонесе за позитивен резултат, па дури во финишот од мечот го најде патот до мрежата на Консиљи.

Со погодокот за конечните 3-1, Роналдо се израмни на вечната листа со Жозеф Бишан на рекордни 759 официјални погодоци за клуб и репрезентација.

Сепак, португалската ѕвезда ќе пукне од мака што петнаесетина минути претходно, промаши голема шанса при резултат 1-1, со која можеше да биде и апсолутен рекордер во историјата на фудбалот и официјални 760 погодоци. Роналдо можеше да бира во кој дел од мрежата да шутира, но тој се одлучи за најлошото решение, директно во голманот.

Прилика за да го стори тоа ќе има веќе за седум дена. Роналдо во големото дерби против Интер на „Џузепе Меаца“ (17 јануари) ќе може да го надмине рекордот легедарниот чешки голгетер, кој речиси седум децении.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This