April 24, 2024, 12:20 am

ЌЕ СЕ БEГA ОД ИЗБОРИ, ДЕФИНИТИВНО: Сега Шпанската цивилна kиза била причина за oдлoжyвaњe на изборите во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холандија денеска ја стартува пороцедурата за ратификација на протоколот на нашата земја во НАТО. Очекувањата се дека до крајот на неделата целата п-роцедура ќе биде завршена вели министерката Шекеринска, а се очекува до крајот на месецов таа да финишира и во францускиот парламент.

Со тоа практично ќе остане протоколот да се ратификува уште во Шпанија но само доколку успеат да формираат влада. Шефицата на одбраната и денеска порача дека тоа не зависи од нашата земја но вели очекува дека до изборите земјата ќе стане и официјално полноправна членка на алијансата. Без разлика на исходот Шеќеринска вели дека не очекува тоа да влијае на изборите или на нивно евентуално одложување.

Она што и натаму се наметнува како прашање е дали по последните избори во Шпанија оваа земја ќе успее да формира влада со оглед на тоа дека ниту една партија не освои мнозинство доволно да формира влада. Конститутивната седница е закажана за трети декември, истиот ден кога почнува самитот на НАТО во Лондон, каде што според оптимистичкото сценарио требаше да станеме полноправна членка на Алијансата.

И да се формира владејачко мнозинство во Шпанија на трети декември, многу се мали  шансите шпанскиот парламент веднаш да одлучува, бидејќи нема да бидат формирани ниту соодветните собраниски тела.

Неизвесност од случувањата со зачленувањето во НАТО и како тие ќе влијаат врз изборите најпрвин како дилема ја наметна ДУИ. Но за сега и натаму останува датумот 12 ти април додека и натаму лебди прашањето за ратификацијата во шпанскиот парламент кој исто така треба да даде зелено светло на нашата земја за да стане полноправна членка во алијансата . Доколку и по овие избори не биде формирана Влада во Шпанија процесот за ратификацијата повторно ќе биде пролонгиран.

Со оптимизам дека оваа процедурата успешно ќе помине во Францускиот парламент вчера во изјава за медиумите увери и амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.

извор: 24.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This