ЌЕ СЕ ВОВЕДУВААТ ЕДНОПОЛОВИ БРАКОВИ: „Зошто Заев и Царовска сакаат да ја сменат дефиницијата на брак меѓу маж и жена, како и политиката на посвојување на деца“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со резерва гледа на Законот за спречување и заштита од дискриминација предложен од Зоран Заев и Мила Царовска, бидејќи во предлог законот се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена. Ги прашуваме Зоран Заев и Мила Царовска зошто сакаат да ја сменат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца? Јавно прашуваме што значи воведувањто на новиот термин „родов идентитет“? Досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики, реагираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Го прашуваме предлагачите што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“ ? Дали родовиот идентитет може да биде флуиден и променлив? Дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта? Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклчувајќи ги наставните содржни во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б. Ова се крупни општествени прашања за кои сличен поглед имаат сите граѓани православните, муслиманите, католциите, протестаните, евреите и сите останати. Во врска со овие прашања потребно е да се земат во предвид ставовите на МПЦ, ИВЗ, Катлочката црква, еврејската заедница и другите верски заедници. Живееме во држава и општество каде огромното мнозинство на граѓани се приврзаници до традиционалите и семејните вредности, кои што се наша заедничка вредност, порачуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата порачуваат дека секогаш се против било која форма на дискриминација и сака да гради општество без дискриминација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This