ЌЕ СЕ ВОВЕДУВА „ВОЕН ШЕНГЕН“: Со оправдување за „закана од Русија“, НАТО воведува „шенгенски“ режим за странски војски во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никој не сака војна – но со оглед на се поагресивната политика на Русија, НАТО под итно мора нешто да направи за да обезбеди брзо преместување на единиците. Германија има искуство во логистика и се нуди да формира команден штаб, јавува „Дојче Веле“ во последниот текст со кој се пумпа антируската хистерија во Европа

Германија на НАТО му понуди да формира нов команден штаб за брзо преместување на единиците и материјали низ цела Европа. Таа идеја ја изнела германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен на состанокот на НАТО во Брисел.

„Германија понуди да биде земја која внатре во сојузот ќе организира изградба на таков центар“, рекла Фон дер Лајен. Министерката нагласила дека НАТО мора „во случај на криза или напнатост“, да биде во состојба брзо да ги премести единиците. Во прилог на Германија, како земја која на себе би ја превземала одговорноста да ги покрене и организира тие нови задачи, како што вели Лајен, е „положбата во срцето на Европа“ и „искуството кога се во прашање логистика и поддршка“. Веројатно од времето на Нацистичка Германија, но не објасни.

Не е точно прецизирано каде точно би се наоѓал новиот логистички штаб на НАТО, но се зборува во прилог на тоа дека би можело да биде регион околу Келн и Бон во Германија, каде што се наоѓаат многу установи на Бундесверот.

Со засилувањето на командните структури и единици, НАТО пред се реагира на политиката на Русија која се перцепира како агресивна. Од украинската криза до руското припојување на Крим, НАТО значително го засили военот присуство на истокот на Европа.

Сега на тоа се прилагодува и командната структура, односно, постои потреба за брзо преместување на единиците од САД во Европа, како и внатре во самата Европа. Во екот на политиките на попуштање на напнатоста во текот на изминатата деценија, воените структури значително беа редуцирани. Од неколку десетина главни воени штабови останаа само седум, а припадниците од 20.000 се намалени на 6.000.

Во еден таен извештај на НАТО се изразува сомнеж во тоа дека Алијансата во овој момент може на погоден начин и доволно брзо да реагира на евентуален изненаден напад на Русија. Според состојбата на патиштата и железничките пруги кои водат кон истокот, а кои би можеле да дојдат во обзир за воено користење, проблематични се и бирократските препреки за време на транспорт на единици и материја.

Затоа германската министерка Урсула фон дер Лајен предлага воведување на една врста „воен Шенген“.
„Ако во случај на криза или напнатост сакаме единиците брзо да ги префрламе внатре во Европа, тогаш тоа би морало да биде прецизно испланирано и да се одвива со голема брзина и висок степен на ефикасност“, изјавила германската министерка за одбрана.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This