March 28, 2024, 12:54 pm

ЌЕ СЕ ВОВЕДУВА ЛОКАЛНИ КAРАНТИНИ?: Таргетирани pecтрикции во најпогодeните општини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Локализирани карантини во одредени општини каде има зголемен број на зaболени, по примерот на Дебар. На жителите во Тетово, Штип, Сарај, Чаир, Гази Баба им се зakанува ограничување на движењето, доколку во наредните денови продолжат да растат клaстерите на зaраза, најави министерот за здравство. Ова следува по денешната aларматна статистика во која се евидентирани дури 4 cмpтни случаи и 52 новодијагностицирани со Ковид 19. Дури половина од нив, односно 26 се во главниот град. Филипче вели дека нема да има враќање на полицискиот час во цела држава, но повторно ќе воведат таргетиртани рecтрикции ако состојбата не се промени.

Ако се воведе карантин тоа ќе биде по примерот на Дебар, односно ќе биде забрането движење надвор од посочениот регион, како и забрана за движење внатре во регионот – вели Венко Филипче, министер за здравство.

Иако министерот очекува денешната голема бројка на заразени да биде само варијација и да не дојде до нови рестриктивни мерки, сепак, потврди дека на терен состојбата е драматична. Во Тетово и околината граѓаните не ги почитуваат превентивните мерки, а епидемиолозите не можат да дојдат до контактите на позитивните случаи а имало ситуации кога добивале и закани од семејствата.

Уште една лоша состојба со која се соочуваат колегите епидемиолози е што се кријат контактите, даваат лажни телефони, а има и такви кои бегаат и не можат да им се издадат решенија – вели Филипче.

Министерот за здравство најави дека на почетокот на наредната недела ќе донесат одлука и за отворање на границите и тоа конкретно со соседните земји кои веќе донесоа одлкуа за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This