ЌЕ СЕ ГРАДАТ МИГРАНТСКИ НАСЕЛБИ: Заев ја подготвува Македонија за населување на мигранти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за труд и социјална политика заедно со Интернационалната Организација за Мигранти планира реконструкција на објект на МТСП во Демир Капија кој се простира на околу 15 хектари во близина на селото Ергеле. На локацијата има поголем број на руинирани хали кои се планира да се реконструираат и опремат со цел сместување и згрижување на мигранти. Во објектот се планира и да се вработат поголем број на лица. Рокот за остварување планираното е 210 дена.

Покрај реконструкција на објектот во близина на Демир Капија се планира и реконструкција на објектот во близина на Визбегово. Доколку во предвид се земе фактот дека Интернационалната Огранизација за Мигранти се занимава исклучиво со прашања кои се поврзани со мигранти очигледна е намената на овие два објекта.

На својата страница организацијата има објавено две јавни надавања во врска со реконструкција на овие два објекта кои се во сопственост на МТСП.

Со подобрувањето на временските услови се очекува нов мигрантски бран, а македонската влада многу веројатно прифатила Македонија да биде една од крајните дестинации на мигрантите. Токму поради оваа причина се зголемуваат сместувачките капацитети на министерството за труд и социјална политика предводено од министерката Царовска.

Екс премиерот Никола Груевски во повеќе наврати го споменуваше непристојниот предлог кој тој лично го добил за прифаќање на 150 илјади мигранти. Со ваквиот сплет на настани логично е дека непристојниот предлог го добил и Зоран Заев, но за разлика од неговиот претходник тој го прифатил.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This