April 16, 2024, 10:13 pm

ЌЕ СЕ ДЕСЕТКУВААТ И СПЕЦИЈАЛНИТЕ СИЛИ НА АРМ: Немало доволно Албанци во специјалните единици, па ќе бркаат Македонци за да го задоволеле процентот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната прослава по повод формирањето на Армијата на Република Македонија, заменик-министерот за одбрана Беким Максути изјавил дека во специјалните единици на АРМ нема доволен број на припадници од Албанската етничка заедница, што било проблем затоа што повеќе немало место во редовите на полкот за специјални операции на АРМ

Според Максути, бројот на албанци вработени во АРМ генерално е на задоволително ниво, додека во Министерството за одбрана се движи во рамките на 14%. Според него ова е сосема доволно, но е незадоволен од застапеноста на Албанци во специјалните сили.

Тој додава дека ова се должи прво на незаинтересираноста на младите да земат учество во овие елитни единици, а второ поради односот на раководството на овие единици и Генералштабот кој не се грижел за правичната застапеност.

Максути додава и дека тие разговарале со старешините од АРМ и добиле ветување дека за 8 септември и 11 октомври повеќе Албанци ќе добиеле унапредување. Ова без разлика дали војниците кои ќе бидат унапредени го заслужиле чинот или не.

Оттука произлегува и дека поради правична застапеност, не земајќи го во предвид фактот на подготвеноста и заслугите, во специјалните единици ќе мора да има поголем број на Албанци, што неминовно ќе доведе до бркање на Македонци од специјалните сили за да се ослободи место за повеќе Албанци.

Во моментот меѓу „волците“ Албанци воопшто нема а кај Ренџерите има само 0.3%. Во воената полиција Албанците се застапени со 10%.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This