ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ: Владата нема намера да даде никаква поддршка за пченицата и мелничарите, лебот ќе поскапува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пченичарите не добиваат никаква поддршка од Владата, што освен на нивниот грб ќе падне на терет на сите граѓани. Цената на лебот ќе биде покачена поради директна негрижа на Владата на Зоран Заев.

Најави дека е можно зголемување на цената на лебот има веќе извесен период. Но, производителите се надеваа на соработка со Владата, а тоа се уште не се случило. Се поизвесно е дека лебот ќе биде поскап поради неоговорноста на Заев, Николовски и сите останати надлежни кадри поставени од Владата на СДСМ.

Горан Ѓорѓиевски, заменик претседател на Агро бизнис комората, предупредуваше уште во месец јуни. Тој рече дека зголемувањето на цената на пченицата, ќе значи зголемување на цената на брашното, а со тоа и цената на лебот. Досега нема разбирање од новата влада и министерот Љупчо Николовски не се произнесе за овој проблем.

Според официјалните податоци, минатата година од 80.000 хектари насеани со пченица родот тежеше 306.000 тони или 60 проценти повеќе во споредба со претходната жетва 2015 година. Просечениот принос беше 3.800 килограми на хектар.

Зголемувањето на цената на лебот, ќе доведе до намалување на стандардот на граѓаните.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This