Ќе се истражуваат јавните набавки за изградба на сите модуларните болници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трагичниот настан што се случи во Тетово иницираше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности да отвори предмет по допрен глас. Постапката е во насока на проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава.

За таа цел, денеска до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болници. Прибраните материјални докази ќе бидат предмет на анализа во насока на утврдување дали документацијата за спроведената јавна набавка соодветствува со техничката документација за овие објекти.

Воедно, согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе преземе и други дејствија за прибирање на докази со цел утврдување на фактичката состојба.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This