ЌЕ СЕ МЕНУВА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ?: 12 пратеници бараат Македонија да биде една изборна единица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

12 пратеници доставиле иницијатива до Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за измена на Изборниот Законик, односно земјата да има пропорционален изборен модел со една изборна единица.

Според нив околу 30-40 илјади гласови во секој изборен процес отпаѓаат бидејќи лицата во изборните листи не успеваат да го собираат потребниот број на гласови во изборната единицата каде што се наоѓаат. Движење Беса и Алијанса за Албанците, ја поддржуваат иницијативата, но бараат земјата да има три изборни единици.

Изборниот систем треба да се измени. Пропорционалниот модел треба да остане, но треба да се смени, да имаме отворени листи во изборните единици. Движење Беса смета дека и во Македонија треба да имаме три изборни единици, наместо шест.“, рече Фадил Зендели. „Новоста на овој предлог е дека не сите изборни единици ќе имаат ист број на пратеници, но ќе имаме толку пратеници кои имаат гласачи. Тоа го правиме за да се елиминира појавата или феноменот на концентрација на пратениците во неколку центри за регионално и политичко претставување.“, вели Рашиди, пратеник на АА.

Пратениците барањето го засноваат и врз основа на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР од последните парламентарни избори. За таа цел, писмено побарале состанок со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со претседателите на трите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои го водат овој процес.

Според нив, најголемиот недостиг на овој модел е ограничувањето за листи на партии или поединци да обезбедат мандат доколку немаат концентрација на гласови во една изборна единица. Поради тоа, велат тие во парламентот може да влезат, со мали исклучоци, само неколку поголеми партии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This