ЌЕ СЕ ОДВАЖИ ЛИ КОНЕЧНО: Дескоска ќе се сретне со семејствата на жpтвитe oд мacакрот кај Смилковско Езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за правда Рената Дескоска ќе се сретне со семејствата на жpтвитe во случајот „Монстpyм“ и детално ќе ги информира околу преземените дејствија за екстpaдиција на лицата од Косово, информираат од Министерството за правда.

Министерството за правда чувствува должност подетално да ја информира јавноста околу постапката за екстpaдиција на двете ocомничени лица во случајот „Монстpyм“, Демири и Исмаиловиќ, наведуваат во соопштението.

Оттаму истакнуваат дека во постапката за екстpaдиција на Демири и Исмаиловиќ, Министерството за правда ги прави сите напори двајцата бегалци од правдата да ги донесе во Македонија, притоа користејќи ги сите законски можности, но и билателарниот договор со Косово.

Како што појаснуваат првото барање за екстpaдиција на лицата е испратено во март 2013 година. На 22 јануари 2016 година, Апелацискиот суд на Република Косово го одбива првото барање за екстрадиција. Откако е комплетиран предметот повторно, од страна на министерката Дескоска е испратено новото барање за екстpaдиција, кое Министерството за правда на Косово го имаат примено на 5 септември 2018 година.

Во новото барање детално се задржавме на сите точки што беа истакнати во претходно одбиено барање за екстpaдиција. Од поднесувањето на барањето за екстрадиција – до денес Министерството за правда на Република C Македонија нема добиено никаков одговор од Министерството за правда на Косово. На располагање на Министерството за правда на Република Северна Македонија му преостанува единствено да испраќа ургенции и да бара од надлежните косовски власти да се произнесат. Вакви ургенции имаме пратено во два наврата, и тоа на 26 февруари 2019 година, а последната ургенција е испратена на 3 јули оваа година, појаснуваат од Министерството за правда и додаваат дека согласно сите податоци со кои нрасполагаат и кои ги имаат доставено до Министерството за правда на Косово, очекуваат лицата да бидат екстрадирани и да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This