April 27, 2024, 12:25 am

ЌЕ СЕ ОДЛОЖИ ПУШТАЊЕТО НА АВТОПАТОТ ШТИП-МИЛАДИНОВЦИ: Китанов набавил садници за 213 000 евра кои ќе се саделе покрај автопатот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЈПДП ќе плати 213.000 евра на фирма да ги пошуми косините на автопатот Штип – Миладиновци. Од јавните бази не е достапен податок колку садници ќе се засадат ниту на колку косини на автопатот ќе се спречува ерозија.

Ќе биде ли ова основ за уште едно одложување на пуштањето на автопатот што источна Македонија го чека со нетрпение?

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе плати повеќе од 213.000 евра на скопска фирма која ќе сади дрвца на косините на новиот автопат Штип – Миладиновци, пишува во договорот за јавна набавка достапен на агрегаторот тајм.мк.

Вредноста на договорот е 213.000 евра без ДДВ, а пишува дека станува збор за услуга што скопската компанија ќе ја даде на ЈПДП. Тендерот го доби „Хорти Дизајн ДОО“, застапуван од Лиле Ефремовска. Фирмата има задача да засади садници дрвца на косини по должината на автопатот и тоа се прави со цел да се cпречи појава на ерозија.

На тендерот биле планирани половина милион евра за оваа услуга, а се јавиле четири понудувачи. По електронската акуција цената била намалена за 57 отсто, а скопската компанија ја добила работата за 213.000 евра.

Нивната задача е да засадат садници на повеќе локации. Но од јавно достапната документација на сајтот на БЈН и на сајтот на ЈПДП нема податоци за тоа колку и какви садници ќе се садат ниту на кои косини долж автопатот кој има вкупна должина од 42 километри и поголем дел од неговата траса е во рамничарски предел. Од договорот е јасно дека фирмата ќе треба да сади сега во пролет (пишува јануари – април 2019 година и септември – ноември 2019 година).

Пишува дека договорот важи две години и дека во првата година, значи по засадувањето, ќе бидат платени 80 отсто од договорените пари, а останатите 20 отсто идната година откако ќе се утврди колку успешно се засадени садниците. Ако при контрола се утврди дека успешноста на локациите е помала од 65 отсто (по локација поединечно) операторот има обврска да го повтори засадувањето.

Автопатот Штип – Миладиновци е топ тема во македонската јавност. Автопатот што по две одложувања и повеќе од пет години од почетокот на работите, требаше да биде готов до крајот на 2018 година нема да биде пуштен во употреба уште најмалку 45 дена.

Вчера на денот на шегата веста дека автопатот ќе биде пуштен утре беше една од најчитаните информации на Фактор.мк

ЈПДП во два наврати најави дека автопатот ќе бил пуштен, па pетеpиpаше од најавата без конкpетни образложенија. Директорот Китанов се обиде во јавноста да објасни дека морaло да го пpoлонгираат пуштањето на автопатот заради работи кои требало да се завршат, но не биле предвидени во проектот.

Ако се мери по реакциите на социјалните мрежи и на медиумите јавноста нема разбирање за овие „лупинзи“ и „салта“ на менаџерот на ЈПДП. Автопатот што требаше да биде пуштен на крајот на 2018 година уште не се знае кога ќе може да се користи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This