April 20, 2024, 12:18 am

ЌЕ СЕ ОТВАРА НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: До 2023 година, се отвара граничниот премин „Маркова Нога“ кон Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До 2023 година треба да биде отворен граничниот премин „Маркова нога“ меѓу Македонија и Грција, а  целиот проект, вклучувајќи ги сите неопходни инфраструктурни активности, се проценува дека ќе чини 4,6 милиони евра, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.


Според него, допрва ќе се прецизира како ќе работи овој граничен премин, дали исто како останатите, но извесно е дека ќе располага со потребната инфраструктура.

– Средствата за граничниот премин ќе бидат обезбедени преку билатералната програма за прекугранична соработка 2014-2020 година, информира Бошњаковски.

Во врска со владината одлука за измени на Законот за здравствена заштита и благосостојба на животните, портпаролот најави дека тие ќе бидат донесени во најкус можен рок, притоа непрецизирајќи дали се работи за неколку месеци, година, две или повеќе.

– За законските измени ќе се формира вид експертаки тим од МЗШВ, АХВ, општините, но и невладините граѓански организации, а целта е што побрзо да се донесе хумано, цивилизирано решение за бездомните кучиња, потенцира Бошњаковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This