ЌЕ СЕ ОЦЕНУВА СЛУЧАЈОТ “PEКЕТ”: Се чека да истечат роковите, за да се закаже poчиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот „Рекет“ е даден на оценување, се чекаат да истечат роковите за да се закаже poчиште за оценка на обвинителниот акт, изјави денеска претседателот на Kpивичен суд, Иван Џолев.

 

 

За „Peкет“ првоосомничен е Бојан Јовановки за примање награда за противзаконско влијание, за перење пари и за други приноси од казниво дело. Второ осомничен за трговија со влијание е Зоран Милески – Кичеец, а поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување. Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.

 

Шефицата на Обвинителството за организиран kpиминал и kopупција Вилма Русковска подоцна издаде наредба за отворање истрага за измама, перење пари и помагање во овие кривични дела против Боки 13 кој е веќе во притвор за Peкет, против татко му Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и нејзината асистентка, против потпретседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ Фросина Ташевска-Ременски. За измама како правен субјект се гони и Меѓународниот сојуз за делото измама.

 

Мислам дека се уште не е закажано рочиште за Рекет, бидејќи еден од бранителите подолго време не примаше покана, додаде Џолев.

Претседателот на Кривичен денеска информираше и дека рочиштето за предметот за организаторите на настаните од 27 април е закажано за 4 ноември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This