ЌЕ СЕ ПЕЕ ЛИ НАПРЕД СЕВЕРНА: Пријателска Струмица ќе ги бpaни Грците од Комитите и „Никогаш Северна“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Машката ракометна репрезентација на Македонија в недела во 18 часот во Струмица ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година против репрезентацијата на Грција.

Иако веќе обезбедивме место на континенталниот собир, нашата репрезентација заслужува да ја бодрат илјадници грла, како што било секогаш досега во СРЦ „Борис Трајковски“, која има капацитето од 5000-6000 места. Секогаш досега, но не и отсега, откако сме Северна.

Во Северна Грците нема да стасаат до Скопје, каде што секогаш се играат големите спротски натпревари на репрезентациите и за кои има голем интерес. Нив ќе ги пречека пријателска Струмица, која има сала со капацитет од 1500 места. Последниот натпревар на македонската репрезентација во квалификациите на СП ќе се игра инкогнито, пред 1500 пријатели кои набавиле карти на двете продажни места во Струмица – МК тикетс и кафулето Концепт.

Целта е јасна, а пречекот на ракoметарите на европскиот шампион Вардар беше совршена испит за „добрососедска Македонија“. На плоштадот со часови се ckандираше „Никогаш Северна, само Македонија“, па за да не се повтори истото, организаторот најде соломонско решение – ја напика репрезентацијата во салата во Струмица, па одбраното друштво, духот на Преспанскиот договор, да нè прикаже како добри соседи, кои едвај чекаат да повикаат „Напред Северна“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This