April 20, 2024, 11:23 am

ЌЕ СЕ ПОЛНИ ОБРАЗОВАНИЕТО СО ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ПРЕД ИЗБОРИ: Се штелуваат закони за моменталните предизборни потреби на владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се обидува ли власта предизборно да протурка нови партиски вработувања во образованието? Владата уште во септември дала мислење оти членот од законот за наставници и стручен кадар во делот за вработувањата треба поинаку да се толкува, па освен за основните да важи и за средните училишта. Врз основа на ваквиот став на Владата, се бара автентично толкување на член 9 да даде законодавниот дом. Во истиот стои:

 

 

-Лицата од ставот 1 на овој член (наставниците вработени на определено време) кои се вработуваат на постојано работно време испразнето по основ на пензионирање, боледување, отказ, смрт, преземање или друго, а за кое работно место биле обезбедени финансиски средства, можат да засноваат работен однос и без јавен оглас, на определено, најмногу до три месеци, а по претходна обезбедена согласност од градоначалникот за општинските основни училишта.

 

Владата со мислење и автентично толкување сака ова да важи и за средните училиште, што според праксата треба да се направи преку измена на законската одредба, што секако е многу подолга процедура.

За ова, реагира и опозцицијата. Според нив, намерата на ваквите владини постапки е јасна, законот се преформулира според моментални политички потреби на СДСМ.

 

-Ова е категорија на наставници кои се под притисок за своите работни места, а власта преку автентично толкување ја проширува својата надлежност да вработува во средните училишта. Преку ова автентично толкување власта сака да ја заобиколи законодавната процедура, премиерот да се стави во улога на законодавец и 1119 наставници кои работат на определено време во средните училишта да се држат под притиcoк и стpaв за нивните работни места, а за работните места кои ќе се испразнат во образованието до изборите власта да вработува без јавен оглас. Ова е класична изборна корупција и инструмент за притисок во очи на изборите, изјави Невенка Стаменковска-Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според податоците на Државниот завод за статистики од основните и средните училишта во текот на оваа и наредната година, во пензија треба да заминат вкупно 2410 наставници.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This