April 20, 2024, 12:00 am

ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ КАРТОНИТЕ КОЈ СЕ ВАКЦИНИРАЛ, А КОЈ НЕ: Министерот Филипче најави засилена евиденција на вакцинацијата, особено кај најмладите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Епидемијата на мали сипаници (морбили) во населбата Радишани од кои се заразени пет деца и еден 30-годишник е трета годинава после онаа во Дебар кога заболеа 20 лица и општината Сарај каде беа заболени три лица. 

Дефинитивно ова е знак на губење на колективниот имунитет како резултат на сериозно опаднатиот опфат со вакцини. Не смееме да дозволиме овој тренд на опфат со вакцинација да продолжи, бидејќи тоа значи сериозен ризик од голема епидемија која може да има несогледливи последици за целото население, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека на територијата на целата држава во вакциналните пунктови ќе се направи проверка на картоните и врз основа на резултатите ќе биде спроведена вакцинација на децата од една до 13 години. Тој рече дека заразените деца се хоспитализирани, се во стабилна здравствена состојба и нема компликации во нивното лекување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This