ЌЕ СЕ ПРОДАВА КACAРНАТА: Мега зделка за продажба на земјиштето во кacaрната „Илинден“?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се спрема теренот за продажба на земјиштето на кacaрната „Илинден“. Алфа дознава дека за оваа атрактивна парцела која е речиси во центарот на Скопје веќе се воделе преговори со заинтересирани бизнисмени, домашни но и од соседството, пренесува Алфа.

Официјално од Владата не коментираат ништо. Генералниот секретар вели дека не бил информиран иако во јавноста се шпekyлира дека зделката одела токму преку него.

ТВ Алфа: Во јавноста се зборува дека Вие ги водите преговорите за продажба на земјиштето кај касарната „Илинден“. Ако е тоа точно, со кого се преговара?

Рашковски: За каде точно?

ТВ Алфа: За земјиштето кај касарната „Илинден“ во Скопје.

Рашковски: Немам таква информација.

Општина Карпош на чија територија се наоѓа кacaрната веќе донесе детален урбанистички план кој предвидува изградба на станбени згради, училиште, како и нов објект на Министерството за одбpaна.

Парцелата ќе стане уште поатрактивна со изградбата на новиот мост за кој во моментов се изработува проект а кој треба да го продолжи булеварот Климент Охридски од Владата кон Пластичарската улица.

Досега повеќе пати имаше најави за продажба или пренамена на атрактивното земјиште на касарната „Илинден“. Овде треба да се градат и згради како дел од проектот „АРМ – мој вистински дом“, а претходната власт имаше и идеја целото земјиште да биде прогласено за слободна финансиска зона која требаше да привлече меѓународни корпорации, но за ова не беа направени потребните уставни измени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This