ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ КНИГИ ПРЕКУ ПОДВИЖНА БИБЛИОТЕКА-БИБЛИОБУС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.

Подвижната библиотека – Библиобус е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици и има за цел промоција на книгата, достапност на информациите, развој на културата на читање, како и создавање навика за читање кај детската популација.

Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.

Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план. Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови. Учениците се ослободени од наплата на амортизација на позајмените книги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This